Лаутаро застана во одбрана на Инѕаги: Тој одлучува за составот, ама ние…
Интер има турбулентен почеток на новата сезона, а тоа донесе реакција на навивачите, но и на самиот клуб кој одржа состанок со екипата пред средбата со Торино, средба која вроди со плод ако се погледне резултатот и победата на „нероаѕурите“ од 1-0.
Со ова тренерот Симоне Инѕаги барем за кратко доби мир, ама повеќе од јасно е дека одново ќе се говори за него ако Интер не го совлада Плзен во Чешка во дуелот од ЛШ. Играчите се свесни дека постои одреден притисок кон Симоне за подобри резултати, па напаѓачот Лаутаро Мартинез настана во негова одбрана.
-Ние играчите одиме на теренот и носиме одлуки. Тој одлучува за составот, но фудбалерите на крајот одат на теренот, -порача Лаутаро кој со ова сакаше да пораче дека тие на теренот мора многу подобро да си ја завршат работата.
Интер по овој натпревар ќе се соочи со Удинезе во Серија А по што ќе следи репрезентативна пауза, па повеќе од јасно е дека овој период е доста важен за тренерот на италијанскиот вицешампион.
Comments