top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лаура Паузини со комплименти за нашата Андреа: „Твојот глас е на посебно ниво“

Updated: May 16, 2022

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Македонската евровизиска претставничка Андреа имаше беспрекорен настап на втората полуфинална вечер. Иако не успеа да се пласира во големото финале, Андреа на домашната и европската јавност и понуди прецизна, умерена и исклучително емотивна изведба, а коментарите дека таа беше целосно на ниво на задачата не стивнуваат.

Минималистичкиот сценски настап ја следеше динамиката на музиката, отсликано со пулсирачка графика и игра на светла. Доследна на својот имиџ, Андреа носеше црна наметка од свила со светкави детали за што беше одговорна Цаци Паковска.

Вокалната интерпретација на нашата Андреа беше она што привлече најмногу внимание, а во низата комплименти се вклучи и светски афирмираната музичарка и воедно водителка на шоуто Евровизија годинава – Лаура Паузини.

-Ова е најубавата ноќ во мојот живот. Дадов се од себе да ја претставам Македонија најдобро што можам. Пресреќна сум и преблагодарна за оваа прилика, но жал ми е што мора да заврши – изјави Андреа.

-Сè уште ми се чини нереално, но Лаура Паузини ми пријде во зелената соба и само рече „Твојот глас е на посебно ниво. Успеа да ме расплаче – емотивно дополнува Андреа.

На евровизиската сцена вчера, покрај Андреа, настапија уште 16 земји, од кои 10 обезбедија влез во финалето кое ќе се случи утре, на 14 мај 2022. Преносот можете да го следите на првиот канал на Македонската радио телевизија со почеток во 21 часот.

М.Т.


3 views

コメント


bottom of page