top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лара и пријателите пеат за подобар свет

Лара Трпческа, заедно со својот татко, пијанистот Симон Трпчески, и голем број пријатели што дадоа свој придонес во реализацијата на овој проект, деновиве сними нова верзија на песната „За овој свет“ што ја отпеа Тоше Проески.

– Понесени и дополнително инспирирани од големата љубов и прием од публиката при изведбата во рамките на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста 2022“, имаме задоволство да ги споделиме македонската и англиската аудио и видеоверзија на хит-преработката на песната „За овој свет“, за трајно да ги пренесеме нашите пораки за човечност, љубов и сплотеност во национална и светска димензија. Токму онака како што во изворната верзија тоа го правеше и ненадминливиот Тоше Проески – велат учесниците на оваа музичка приказна.

Музиката и текстот на англиски јазик се на Младен Марковиќ, текстот на македонски јазик го препеа Весна Малинова, а новиот аранжман го направија: Симон Трпчески и Влатко Нушев. Солист е Лара Трпческа, која настапи во придружба на детски хор, подготвен од Тоше Митрев, Симон Трпчески и Влатко Нушев, и младински хор, составен од членови на „Про арс“ и хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевски. За аудиореализацијата беше задолжен Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“, а монтажата и аудиопродукцијата се на Влатко Нушев. Видеоспотот го режираше Владимир Митревски-Ѓуле од „Фокус филм“, а продуцент на целиот проект е Симон Трпчески.


1 view

Comments


bottom of page