top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лапорта уловен во бесно издание во вип ложата: „Жолчна“ порака до судијата од трибината на „Сан Маме

Лапорта уловен во бесно издание во вип ложата: „Жолчна“ порака до судијата од трибината на „Сан Мамес“

Жоан Лапорта пред една недела ги тешеше играчите на Барселона по поразот од Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот и беше презадоволен од виденото и покрај неуспехот, но вчера бил во драстично полошо расположение на „Сан Мамес“.

Ова го откриваат познатите шпански новинари кои биле присутни на трибините во Билбао, од каде ни пристигнува и едно видео кое денеска стана вирално на социјалните мрежи.

Претседателот на Барселона мораше да гледа како неговиот тим губи уште еден драматичен меч во продолжение, овојпат откако Жорди Алба направи пенал, а Муниаин го реализираше за конечни 3:2.

Атлетик се пласираше во четвртфиналето на Купот и денеска дозна дека ќе игра против Реал Мадрид, додека Барселона остана без уште една шанса за трофеј, па сега единствена надеж ќе биде титулата во Лига Европа.

Во моментите на одлука, Лапорта немал баш добри зборови на судијата на мечот, бидејќи прикажано е видео во кое испраќа „жолчна“ порака до судијата во неколку наврати.

– Ку.вин сине, ку.вин сине…….


1 view

Comments


bottom of page