Лапорта објасни зошто Миротиќ си заминува од Барса по големиот успех против Реал
- Aleksandar Santovski
- Jun 21, 2023
- 1 min read
Барселона ја освои титулата во домашното првенство откако го почести Реал со „метла“ во големото финале, победувајќи со максимални 3:0 во дуелите со лутиот ривал од шпанската престолнина.
По двете победи на домашен терен, Барса ја доработи задачата на првото гостување во Мадрид и се прокламираше за нов национален шампион, но ниту оваа титула нема да биде доволна за да се задржи најголемата ѕвезда во првиот тим.
Никола Миротиќ нема да продолжи во редовите на каталонскиот гигант и покрај големиот успех на крајот од сезоната, а тоа го потврди и првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.
– Никола е фантастична личност и голем играч, ни донесе голема радост и успеси овие години, но ситуацијата на клубот е таква каква што е и мораме да испочитуваме некои точки од буџетот.
– Планот на работа кој треба да го доставиме нема да биде валиден со него во тимот. Мора да направиме редукција во тимот и поради тоа ќе се разделиме со Миротиќ, – изјавил Лапорта по големата победа во финалето.

Comments