Лапорта најави што ќе се случува со Дембеле во наредниот период: Разочарани сме, ги толериравме сите
02.02.2022 Januari Sreda
Лапорта најави што ќе се случува со Дембеле во наредниот период: Разочарани сме, ги толериравме сите негови повреди…..Жоан Лапорта како претседател на Барселона ја отвори денешната прес-конференција на која Адама Траоре беше официјално презентиран како играч на првиот тим, но покрај тоа што му посака добредојде на засилувањето од Премиер лигата, првиот човек на каталонскиот гигант воглавно говореше за големото разочарување во последниот ден од преодниот рок.
Усман Дембеле ги одби двете примамливи понуди кои ги имаше и остана во Барселона, по што стана јасно дека ќе си оди како слободен агент по крајот на оваа сезона, што прави клубот да не добие никаква отштета за неговото заминување.
Ваквиот однос на Французинот ги разочара сите вработени во клубот, па Лапорта со својата порака денеска индиректно порача дека Дембеле вториот дел од сезоната сепак ќе го мине на трибините.
– Дали Дембеле ќе игра, или не, зависи од Чави. Чави работи за сегашноста, но и за иднината. Во оваа ситуација, имаме играч кој не е во плановите за наредната сезона, па нависитна тешко дека ќе заигра во вториот дел од сезоната. Правиме реконструкција на тимот, а бидејќи тој не сакаше да го обнови договорот и покрај сите наши напори, мора да гледаме напред и да мислиме на клубот.
– Чави ги знае сите околности и исто така е изненаден што не стави потпис на договорот. Од 20-ти декември наваму, нашата понуда не важи. Не сфаќаме зошто не си замина кога имаше понуди кои беа добри за клубот. Разочарани сме од односот, бевме толерантни со сите негови повреди и одлично го третирав откако сум тука. Како и да е, Чави како тренер ќе го има последниот збор, – изјави Лапорта.
Commentaires