top of page
Search

Лапорта најави на кои три позиции ќе се засили Барселона: Направивме студија со Ханси Флик

05.06.2024 Juni sreda

Жоан Лапорта вчера откри дека го отпуштил Чави поради тренерот неочекувано побарал радикални промени во првиот тим на Барселона, нешто што целосно се косело со неговите замисли, но и оние на спортскиот директор Деко.

Лошата финансиска ситуација го оневозможува клубот да биде преактивен на трансфер пазарот, па така Барса мора да се потпре на тоа што го има и Лапорта не најави големи промени во тимот.

Ханси Флик прифатил да го извлече максимумот од актуелниот тим со две или три важни засилувања, а Лапорта сега откри кои три позиции се приоритет во неговите замисли.

– Не е потребно да имаме големи продажби, но исто така не планираме да правиме големи промени. Има неколку позиции кои ги простудиравме со Ханси Флик.

– Кристенсен играше како последен играч за врска и тоа е позиција на која сакаме да донесеме засилување. Исто така, ќе ни се приклучат играчи од младинскиот тим како Касадо. Исто така, мислам дека ни недостасува едно класично крило и најверојатно ќе бараме засилување во одбрана, – најави Лапорта.


1 view

Comments


bottom of page