top of page

Лапорта најави добри вести за Барселона: Тој е клучен играч…

27.06.2025 Juni Petok

Барселона се обидува да затвори неколку излезни зделки додека во исто време трае операцијата за ангажман на Нико Вилијамс од редовите на Атлетик Билбао кој треба да биде второ летно засилување по голманот Жоан Гарсија.

Меѓутоа шпанскиот шампион сака да реши и некои друга прашања, а едно од нив е да го „врзе“ Френки Де Јонг кој е под договор до 2026 година.

Клубот како и Холанѓанецот се на иста линија и претседателот Жоан Лапорта најави дека во брзо време ќе има позитивни вести на оваа тема.

-Сакаме Френки да биде тука многу години бидејќи тој е клучен играч за нашиот тим. Неговото обновување е на добар пат и наскоро ќе имаме вести, -истакна Лапорта.

Свој коментар даде и легендата на Барса и актуелен холандски селектор, Роналд Куман.

-Тој сака да остане и неколку пати изјави дека е многу среќен тука. Не гледам никакви проблеми, -рече Куман.


 
 
 

Comments


bottom of page