Лапорта: Имам разбирање за Меси, Барселона ќе го плаќа до 2025 година
Жоан Лапорта го тера вториот мандат како претседател на Барселона, мандат исполнет со многу предизвик пред се поради проблемите на финансиски план. Во неговиот мандат Барселона беше принудена да се откаже од Лионел Меси, но тој изминатиов период се обиде да го врати Аргентинецот на „Камп Ноу“, да му овозможи „последен танц“, меѓутоа ситуацијата и понатаму е коплицирана, па напаѓачот не сакаше да чека, создава дополнителни проблеми и го избран Интер Мајами како наредна дестинација. Лапорта во интервјуто за „Ла Вангардија“ говореше отворено за овој случај и воедно обелодени една непозната вест за медиумите, а тоа е дека Меси понатаму е на списокот за плати во клубот и ќе биде се до 2025 година. -Имавме договор со Ла Лига да пренасочиме дел од нашите ресурси кон Меси. Разговаравме со Хорхе Меси кој ме информираше дека Лео имал две тешки години во Париз и дека сака да игра некаде каде што има помал притисок. Тоа не би било можно кај нас. Ја разбрав неговата одлука. Му посакувам многу среќа и почнавме да подготвуваме големо збогување за него. Ќе биде совршено заедно со прославата на 125 години од клубот кога ќе се вратиме на „Камп Ноу“ -рече Жоан и додаде: -Она што клубот му го должи на Меси е дел од нашиот платен биланс и е дел од неговиот договор со претходната управа. Плаќањата ќе траат до 2025 година. Ние го плаќаме со религиска посветеност, -порача првиот човек на шпанскиот првак.
Comments