top of page

Лапорта за трансфер желбата на Барселона од Серија А: Неверојатен играч, му се јавив на…

Sep 30
1 min read

30.09.2026 Septemvri Sreda

Каталонците во најмала рака останаа „куси“ за еден квалитетен стопер, плус за еден проверен гол играч кој ќе може да ги покрие отсуствата на Роберт Левандовски и Феран Торес кои си заминаа во Чикако Фајр, односно Пари Сен Жермен.

Засега се добро функционира за шпанскиот шампион, но останува да видиме како екипата ќе се снајде, реагира во тешки времиња, повреди и кога ќе има одреден пад во играта на асови како Рафиња кој има неверојатни бројки на стартот на кампањата.

Клубот од Ла Лига долго време го бркаше Хулијан Алварез, ама не успеа да пронајде заеднички јазик со Атлетико Мадрид, а на крајот имаше и неуспех со Лаутаро Мартинез од Интер, тема за која сега отворено говореше првиот човек Жоан Лапорта.

-Тој е неверојатен играч; не сакавме да го испуштиме по никоја цена. Па му се јавив на претседателот Марота и тој ми кажа дека играчот не е на продажба, -истакна Лапорта кој истакна дека тука одлучиле да се повлечат од тој трансфер.

-Интер ни рече „не“ и затоа им кажавме дека, во секој случај, нема да биде играчот тој што ќе одлучи дали да си замине или не, бидејќи Интер сакаше да го задржи. Значи, од почит кон Бепе Марота, кого го почитувам огромно, застанавме и тоа беше крајот, -откри Лапорта.


 
 
 

Comments


bottom of page