Лапорта за играчот кој се уште не го продолжил договорот со клубот: Оди побавно отколку што мислевме
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта за прв пат излезе во јавноста со помалку загрижувачки коментар за фудбалер кој се уште не го има продолжено договорот со клубот.
Задачата на претседателот на „каталонците“ во овој период е да обезбеди продолжување на договорите на дел од играчите кои се пред заминување, а меѓу нив е и Усман Дембеле чиј договор завршува во јуни 2022 година.
Тоа значи дека офанзивецот ќе биде слободен да бара нов клуб уште во јануари кога дури ќе може да потпише и преддоговор со заинтересираните страни.
– Продолжувањето на договорот на Усман Дембеле оди побавно отколку што мислевме, но работиме на тоа.
– Сакаме Усман да остане со нас, може да биде клучен играч за Барселона во иднина доколку постигнеме конечен договор, -изјави Лапорта.
Comments