Лапорта за договорот на Чави: Сега имаме други приоритети…
Чави Ернандес успеа да го врати победничкиот дух во Барселона и на „Камп Ноу“, тим со кој во првата своја целосна сезона како тренер освои два трофеи и тоа оној во Ла Лига и во Супер Купот на Шпанија.
Јасно е дека Барса ќе мора да подобри некои работи особено во Европа, но Чави пронајде формула, формација која носи позитивни резултати и клубот дефинитивно ќе мора да најде начин да го задржи во своите редови.
Тој има договор до 30 јуни наредната година, меѓутоа во моментов клубот не ја става како приоритет продолжувањето на соработката.
-Сега приоритет е да го изградиме тимот, да го подобриме што е можно повеќе, а кога ќе го имаме тој момент на мир, ќе се справиме со неговиот договор, -истакна претседателот Жоан Лапорта.
-Тој е тренер кој одлично ги разбира околностите на клубот, покрај тоа што е одличен стратег. Нема да има проблем во овој поглед, -дополни Лапорта.
Comments