top of page
Search

Лапорт е подготвен на голема жртва за да го облече дресот на славен клуб

26.07.2024 juli Petok

Ејмерик Лапорт одигра одлично во дресот на шпанската репрезентација на последното Европско првенство во Германија и уште еднаш потсети дека се уште има материјал за да игра во најдобрите европски клубови.

Поранешниот член на Манчестер Сити последната сезона ја одигра во Саудиска Арабија, но сега сонува да го облече дресот на Реал Мадрид и е подготвен да направи се што е потребно за да добие таква шанса.

Одговорните во Реал се свесни за квалитетите на дефанзивецот и немаат ништо против да му дадат шанса на шпанскиот репрезентативец, но главен проблем е неговиот актуелен клуб Ал Наср.

Саудискиот клуб не сака да го отстапи Лапорт на првичен заем, додека пак Реал од своја страна не е подготвен да плаќа сериозна трансфер сума со оглед на веќе постоечките опции во одбраната и фактот што и без Шпанецот се освоени трофеите во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Дефанзивецот е подготвен да се откаже од 24 милиони евра годишно кои ги заработува во Ал Наср и да биде еден од најслабо платените играчи на Реал, но дефинитивно најтешката задача ќе му биде да го убеди актуелниот клуб да му овозможи да се врати во Европа.


2 views

Comments


bottom of page