top of page

Ландо победи, Ферстапен го изведе потегот на денот во дуелот со Хамилтон

27.07.2026 juli Ponedelnik

Ландо Норис ја оствари првата победа оваа сезона и добивме петти различен победник на последните пет трки во Формула 1, разновидност која дефинитивно е нешто на што не навикнавме во последните неколку години.

Со трката на Хунгароринг се означи крај на првиот дел од сезоната и актуелниот шампион Норис ќе замине со насмевка на летен одмор, а истото може да се каже и за Макс Ферстапен, иако Холанѓанецот одново се мачеше со својот болид.

Откако го освои второто место, Макс им порача на своите механичари дека одново страдал за да стигне до подиумот, но благодарение на феноменалните перформанси кои ги понуди, беше избран и за возач на денот.

Не само тоа, Макс сосема оправдано добива најмногу внимание и поради потегот на денот, односно поради маневарот со кој го надмудри Луис Хамилтон.

Четирикратниот шампион ја доби битката со повозрасниот колега кој се чинеше дека има подобар ритам со своето Ферари, а фактот што мина двајца ривали во еден обид, направи Макс да го коментира својот потег и во собата заедно со Норис и Антонели.


 
 
 

Comments


bottom of page