top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазов солиден 34-ти на турнирот „Србија опен“

Updated: Jul 13, 2021

12.07.2021 Juli Ponedelnik

Македонскиот интернационален мајстор (ИМ), Тони Лазов (2.412 рејтинг-поени, рангиран 82-ри), го освои солидното 34-то место на силниот меѓународен турнир „Србија опен“, што се одржа во Белград. По девет одиграни кола, во конкуренција на 289 шахисти од 41-на држава (50 ВМ), Лазов освои шест поени (пет победи, две ремија и два пораза) и заработи нови 15,8 рејтинг-поени. Играше со силина на шахист од 2.539 рејтинг-поени, при тоа победувајќи ги ВМ Евгени Занан од Израел (2.535) и Јуриј Кузубов од Украина (2.653), а ремизираше со ВМ од Израел Евгени Постни (2.578).

Останатите македонски претставници беа послабо пласирани. Така Филип Михов (2.178) е 109-ти со пет поени, но и нови 53 рејтинг-поени, ФМ Емил Ристевски (2.367), е 128-ми со 4,5 поени, ИМ Никола Николовски (2.438), е 193-ти со четири поени и Михаил Јорданов (2.028) со 3,5 поени заврши на 218-то место, но и освоени нови 52 рејтинг-поени. На турнирот победи 17-годишниот ВМ од Индија, Нихал Сарин (2.620, рангиран осми) со 7,5 поени (шест победи и три ремија).

На т.н. аматерски турнирот, кој се одигра паралелно со главниот, ЖФМ Моника Стојковска (2.106, рангирана 8-ма), го освои 16-то место со 6,5 поени, додека Теодор Јовановски (1.480, рангиран 144-ти) заврши на 111-то место со четири поени, но заработи нови 84 рејтинг-поени. Во конкуренција на 194 шахисти (три ФМ, три ЖФМ) од 29 држави, побеи Казахстанецот Даниал Сапенов (2.034, рангиран 23-ти), со осум поени. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page