top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров: Ќе направиме сè да ја победиме Полска

Updated: Aug 13, 2021

12.08.2021 Avgust Cetvrtok

РАКОМЕТ – НА ЕХФ-ШАМПИОНАТОТ ВО СКОПЈЕ

Победа над Полска е единствената шанса на македонската машка кадетска репрезентација да обезбеди пласман во полуфиналето на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) од дивизијата Б, оти во првиот меч со Грција, Македонија загуби со 26-30. Доколку денеска не биде совладана Полска, македонските кадети ќе ги загубат шансите за пласман во дивизијата А. – Ќе направиме сè да ја победиме Полска и да стигнеме до полуфиналето. Очекував тежок натпревар, но не очекував да загубиме. Тешко е кога играте добро во подготовките, а го губите првиот официјален натпревар. Тоа ми се случувало и како играч, а еве сега и како селектор. Добро во лошото е што и со победа од еден гол-разлика над Полска ќе се пласираме во полуфиналето. Тоа ни дава можност да се надеваме дека можеме да го пребродиме овој лош старт и да го освоиме шампионатот – изјави селекторот Лазаров. Најефикасни во македонскиот состав беа Емилијан Ѓорговски и Божидар Илиоски со по пет гола. Македонија е дел од групата А заедно со Полска и со Грција, а за првата позиција во групата Б играат Швајцарија, Украина, Грузија и БиХ. Најдобрите две селекции од двете групи ќе вкрстат во полуфиналните мечеви, а победникот во финалето ќе обезбеди пласман во дивизијата А.


2 views

Comments


bottom of page