top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров: Се надевам дека добро ќе ни дојдат овие два меча со квалитетна селекција како Романија

РАКОМЕТ

13.03.2024 Mart Sreda

Македонската репрезентација ги почна подготовките за мечевите во неделата на Европската ракометна федерација, со Романија, на гости, во рамките на подготовките за баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година против Фарските Острови, во мај.– Хендикепирани сме затоа што повеќе од носителите на играта во оваа недела на ЕХФ нема да бидат со нас. Тоа се Ненад Костески, Томислав Јагуриноски, Филип Кузмановски, кои се повредени. Сега шанса ќе добијат други играчи. Засега сме 17 ракометари од претходно повиканите 21, а дополнително е повикан Давид Савревски на местото на Јагуриноски. Размислувам да повикам уште еден-двајца играчи, но прво да видам каква е ситуацијата со присутните ракометари на теренот, па ќе одлучам. Се надевам дека добро ќе ни дојдат овие два натпревара со една квалитетна репрезентација каква што е Романија, која има и промена на селекторот. Барав да играме на гости, за нашите млади играчи малку повеќе да се привикнат на играта на гости, затоа што првиот дуел од квалификацискиот бараж за пласман на светското првенство со Фарски Острови го играме токму на гости – вели Лазаров.Натпреварите помеѓу Романија и Македонија се закажани за в петок и за в сабота, во романскиот град Браила. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page