top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров: Почетната трема е надмината, ако ни се укаже шанса ќе се обидеме да ја искористиме

Екипата на Алкалоид е пред нов европски предизвик, дуел со Бјерингбро/Силкеборг кој е закажан за утре од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Данскиот претставник забележа победа и пораз на првите два натпревари во Европската лига, додека македонскиот првак исто загуби од Војводина, а одигра нерешено со Ла Риоха во Шпанија. Токму таа партија на гостински терен донесе поголема самодоверба, па тренерот Кирил Лазаров се надева на квалитна партија во која ако добијат шанса ќе се обидат да го изненадат фаворитот.

-Самото име на противникот и државата од која доаѓа доволно говори за неговиот квалитет. Данска екипа која со години наназад преку својата лига обезбедува излез во Европа. Нивната лига од година од година е се поквалитетна и може да се каже дека е Топ 3 во Европа.

-Инвестициите што ги направија сезонава со ангажманот на Лауге од Веспрем, кажуваат дека утре ќе имаме сериозен противник. Треба да бидеме на едно високо ниво за да можеме да бидеме конкуренти со нашата млада и недоволно искусна екипа во европски рамки. Како што поминува времето, ја надминуваме таа почетна трема. На вториот меч во Шпанија одигравме поквалитетно отколку на првиот дуел со Војводина. Се надевам дека тој раст ќе продолжи, тоа е меч во кој треба да се опуштиме и без притисок да одиграме најдобро што знаеме. Се надевам квалитетно ќе одговориме.

-Нашата публика, јавност ќе има можност да гледа еден квалитетен европски натпревар меѓу две екипи кои играат модерен брз ракомет. Очекувам тврд, силен натпревар, фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, тоа е реалноста, но ние ќе гледаме да се поставиме добро и ако ни се укаже шанса да го искористиме моментот и да стигнеме до позитивен резултат, -истакна Лазаров.


1 view

Comments


bottom of page