top of page

Лазаров: Направивме грешки кои можат скапо да не чинат


Македонската ракометна репрезентација издвојува победа над Луксембург (38-24) и на идеален начин ги започна квалифиациите за Европското првенство.

Оваа нова генерација покажа квалитет, знаење, способност, но имашее и одредени слабости во второто полувреме за кои селекторот Кирил Лазаров е свесен дека не смеат да се повторат во иднината затоа што можат скапо да не чинат против посилни репрезентации.

-Честитки до моите играчи за победата и за максимално професионалниот однос од нивна страна. Многу е тешко како тренер да ја држиш мотивирана екипата на позитива од 11 гола на полувреме. Попуштивме во второто полувреме со ритамот. Им кажав на играчите да го искористиме вториот дел за тренинг, но направивме многу грешки кои против посилни репрезентации многу ќе не чинат. Шанса добија сите играчи, оваа партија многу ќе им значи на помладите ракометари. Ракометот е спорт број еден и македонската публика може да те награди и слави, но може да биде и обратно. Мислам дека на младите играчи многу ќе им значи овој меч бидејќи имаме постара екипа млади играчи и млади неускусни играчи.

-Одиме напред, следи Турција за три дена, жежок терен и сметам дека тој меч е клучен во овие квалификации. Чест и задоволство ми е што можам да водам вака перспективна, талентирана и квалитетна екипа и ќе напредуваме како минува времето. Се гледа дека фалат натпревари и затоа се надевам дека во иднина ќе напредуваме побрзо од очекуваното, -заврши Лазаров.


 
 
 

Comments


bottom of page