top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров направи пресек за клучните пресметки против Чешка (Фото)

Кирил Лазаров на почетокот на овој месец го објави поширокиот список за бараж финалето против Чешка, но денеска пристигна ревидирана листа на која македонскиот селектор направи значаен пресек.

Од 35 играчи, во комбинација за настап на двомечот против Чешка останаа 23-ца ракометари, со кои ќе започне подготовката за клучните средби кои не делат од нов настап на еден голем турнир.

Македонија во првата бараж рунда го доби двомечот со Романија, а двојната пресметка со Чешка ќе ја стартува со гостување, додека реваншот се игра во Скопје.

Првиот натпревар се игр аво Злин на 13-ти април во 20:15 часот, додека вториот дуел во Скопје се игра на 17-ти во 19:00 часот.

Лазаров ќе ги собере ракометарите на 9-ти април (сабота), по што ќе почнат подготовките за натпреварите кои имаат тежина на еден ракометен мундијал.


1 view

Comments


bottom of page