Лазаров на стартот на подготовките за ЕП: Добра можност за надигрување со ракометната елита
- Aleksandar Santovski
- Dec 22, 2025
- 1 min read
22.12.2025 Dekemvri Ponedelnik
Македонската машка ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, со кој е означен почетокот на подготовките за претстојното Европско првенство.
Избраниците на Кирил Лазаров се најдоа во тешка група, односно во првата фаза ќе играат против Данска, Португалија и Романија, но нашата селекција ги започнува подготовките во позитивна атмосфера и оптимизам дека може да се постигне солиден резултат на уште едно големо натпреварување.
На првиот собир, Лазаров ги истакна своите очекувања од првенството, односно од настапот на нашиот национален тим.
– Ова е собир на најдобрите европски селекции, европските првенства секогаш се потешки од светските првенства и ова е добра можност за докажување.
– Очекувано добивме силен противник од првиот шешир, ако не беше Данска, ќе беше Франција или Германија, додека Португалија играше полуфинале на светско првенство. Можеби Романија не е на нивото како во минатото, но ние ќе го респектираме секој противник, ќе имаме добри подготовки обезбедени од РФМ и очекуваме да го дадеме најдоброто од себе, – вели Лазаров.
Првиот натпревар за нашата репрезентација е тој против домашната селекција Данска и е закажан за 16. јануари.






Comments