top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров и Периќ во одбрано друштво за најатрактивните голови во Европската лига (ВИДЕО)

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Зад нас е второто коло од Европската лига, коло по кое ЕХФ одново направи избор на најдобрите моменти, а во една од категориите имаше место за двајца познати ликови на македонската јавноста.

Првиот е нашиот капитен, селектор, Кире Лазаров кој во дресот на Нант го реализираше цепелинот против Лемго што беше доволно за петто место на Топ 5 листата на рундата во ова натпреварување.

Бекот пак на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ кој вчера со својот „проектил“ му донесе реми клубот на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен ја зазема позицијата број два на ова одбројување.

Шампионското место, најдобриот, најубавиот гол пак е дело на членот на АЕК, Игнасио Пласа Хименес.



7 views

Kommentare


bottom of page