Search
Лазаров го одреди составот за мечот против Чешка (ФОТО)
- Aleksandar Santovski
- Apr 13, 2022
- 1 min read
Вечерва во Злин најдобрата македонска ракометна репрезентација ќе го одигра „првото полувреме“ од битката со Чешка во рамките на баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Средбата се игра во салата „Датарт“ со почеток од 20:15 часот и веќе се познати составите со кои Сабате и Лазаров ќе истрчаат на теренот. Секако за нас е најважен изборот на Лазаров и останатите негови соработници од стручниот штаб кои одлучија на трибините да останат Михајло Младеновиќ и Игор Ѓорѓиев што значи можност за деби ќе има левото крило Петар Атанасијевиќ.
„Црвено-жолтите“ ќе се обидат да остварат што подобар, попозитивен резултат пред реваншот кој за в недела е закажан за во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


Comments