top of page
Search

Лазаров го објави списокот за битките со Португалија, ги нема искусните Манасков и Георгиевски

Предводникот на најдобрата македонска машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на играчи за престојните мечеви против Португалија во квалификациите за пласман на Европското Првенство во 2024 година.

На поширокиот список се наоѓаат 35 имиња со тоа што веднаш во очи паѓа тоа што на истиот ги нема асовите од Вардар, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Тие не се повредени и играат за „црвено-црните“ и останува да се види зошто се изоставени за овие значајни битки за првото место во групата во која се уште Турција и Луксембург.

Првиот меч против Португалците го играме на домашен терен на 9 март, додека реваншот е закажан за 12 март во Порто.




1 view
bottom of page