Лазаров ги одбра играчите за средбите со Грција во Солун
Предводникот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ги одбра играчите со кои ќе и се спротистави на Грција на двете закажани пријателски средби во Солун.
Овие мечеви ќе се одиграат утре и задутре од терминот 17.30 часот, а Лазаров во Грција се реши да поведе 18 играчи, поточно од списокот отпаднаа четворица ракометари.
Од повикиканите е „избришана“ тројката на Алкалоид, Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Марко Стојковиќ како и членот на Еурофарм Пелистер, Емилијан Ѓорговски.
Состав:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски
СРЕДНИ БЕКОВИ: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски
ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Никола Костески
ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ
КРУЖНИ НАПАЃАЧИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.
Comments