top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров ги објави ракометарите за почеток на патот кон 18-то големо натпреварување

29.10.2024 Oktomvri Vtornik

Селекторот на македонската машка репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со 35 ракометари, за натпреварите со селекциите на Естонија и на Литванија, за почеток на квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година, кое треба да се игра во Данска, Шведска и во Норвешка.

Меѓу повиканите играчи има четворица интернационалци, и тоа Мартин Томовски (Потсдам), Филип Талески (Бенфика), Мартин Карапалевски (Ваљадолид) и Михаил Ивановски (Дубочица).

Македонија во првото квалификациско коло ќе игра со Естонија, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, на 6 ноември (од 20 часот). Во вториот дуел црвено-жолтите ќе ѝ гостуваат на Литванија, во Вилнус, на 10 ноември. Во групата 1 е и репрезентацијата на Словенија.

Континенталното првенство во 2026 година ќе биде 17-то по ред. Македонија ќе игра за пласман на своето деветто ЕП, а вкупно 18-то големо натпреварување, заедно со светски шампионати. Црвено-жолтите во јануари в година треба да настапат на Светското првенство што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка и е во групата Д, заедно со Унгарија, Холандија и со Гвинеја.

На ЕП 2026 ќе се пласираат првите две репрезентации од секоја од осумте групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции од секоја група.

Состав: Никола Митревски, Иван Галевски, Марко Кизиќ, Мартин Томовски, Филип Кузмановски, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Павле Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Михаил Ивановски, Михајло Младеновиќ, Емилијан Ѓорговски, Марио Танковски, Филип Талески, Мартин Карапалевски, Дамјан Митев, Давид Савревски, Филип Николов, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Михаил Аларов, Валентин Карасманакис, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Самоил Ристевски, Кристијан Симоновски, Иван Џонов, Цветан Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Гоце Ојлески, Томислав Јагуриноски, Мартин Димовски, Ален Ќосевски, Александар Петковски. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page