top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лажни две илјадарки кружат во Македонија, како да препознаете дали во раката држите фалсификат

Лажни две илјадарки кружат во Македонија, како да препознаете дали во раката држите фалсификат Објавено пред 4 часа - 3 февруари, 2022 Од Макфакс Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари во Македонија, соопшти Народната банка укажувајќи кој е начинот лесно да се провери дали станува збор за фалсификат и како граѓаните да се заштитат. Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална) двослојна хартија, која при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните може да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност. Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, која се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата. Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, а кај оригиналните банкноти со придвижување на банкнотата под одреден агол може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен кој симулира ефект на движење, како што е прикажано на следната слика: Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, кој е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно, јасно ќе се забележи дека е имитиран: Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водниот печат. Водниот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, а кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина: Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2.000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка: https://www.nbrm.mk/karakteristiki-na-novite-knizni-pari.nspx Веб-странаицата на НБРМ содржи податоци и информации за монетарната политика, банкарскиот систем, банкарската супервизија и регулатива, финансиската стабилност, истражувачката работа, платните системи, финансиските. Доколку забележите фалсификувана банкнота, треба да се обратите до банките или до Министерството за внатрешни работи, кои понатаму ќе постапат во согласност со своите надлежности.






2 views

Comments


bottom of page