„Лажната тревога“ во Париз стана хит на интернет: Фановите на ПСЖ го чекаа Рамос, па доживеаја разоч
Серхио Рамос беше „уловен“ во Париз и во секој час се очекува официјална потврда на негов ангажман од страна на ПСЖ, договор според кој доскорешниот капитен на Реал Мадрид ќе мине две години во градот на светлината.
Искусниот стопер пристигнал на потпис во француската престолнина со цело свое семејство, а откако тоа им било најавено на фановите на ПСЖ, добар дел од нив се упатиле кон клупските простории.
Интересно, од таму ни пристигна и едно урнебесно видео, бидејќи еуфоричните фанови на францускиот клуб чекаа во секој момент да се отвори лифтот и да го видат големото засилување.
Наместо тоа, во еден момент се појави непознат човек со куфер до него, па оваа лажна тревога направи видеото да стана апсолутен хит на социјалните мрежи.
За среќа на трпеливите фанови, извесно време подоцна од истиот лифт излегол и Рамос, а сето тоа било пречекано со голема еуфорија од сите присутни.
Comments