top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лабудовиќ: Целта е остварена ТЕНИС – КУП „БИЛИ ЏИН КИНГ“, ВТОРА ЕВРОАФРИКАНСКА ЗОНА

ТЕНИС – КУП „БИЛИ ЏИН КИНГ“, ВТОРА ЕВРОАФРИКАНСКА ЗОНА

12.04.2024 April Petok

Македонската женска тениска репрезентација за пласман од четвртото до шестото место на купот „Били Џин Кинг“, во Втората евроафриканска зона, група А, во Вилнус (Литванија), ќе игра денеска со Грузија, а утре и со Израел. Македонските тенисерки во првата групна фаза го добија првиот меч со Естонија, со 2-1, а во вториот загубија од фаворизираната Хрватска со 0-3. Боите на Македонија во Вилнус ги бранат Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и дебитантката Теона Андова.– Целта е остварена. За успешниот опстанок во зоната имаме една голема победа над Естонија. Голема е веројатноста во следните два меча шанса да добијат помладите репрезентативки. Лина Ѓорческа одигра на најдобро можно ниво и уште еднаш покажа дека е столбот на тимот и дека без неа шансите за каков било добар резултат се минимални. Поединечно ја победи Канепи, поранешна тенисерка во топ 30 на ранг-листата, а во еден исклучително квалитетен меч, можеби и најдобар во досегашниот дел од купот „Били Џин Кинг“. Во двојки одигра на највисоко ниво, што ја поттикна Магдалена Стоилковска да го крене своето ниво и остваривме вкупно голема победа. Продолжуваме да играме за пласман од четвртото до шестото место, денеска со Грузија, а потоа и со Израел. Ќе играме без притисок по вчерашниот слободен ден. Во зависност од здравствениот билтен, ќе решиме кој ќе игра на овие два меча – вели Димитар Лабудовиќ, селекторот на македонската репрезентација.За пласман во Првата зона ќе се сретнат првопласираните селекции од трите групи, а тоа се Хрватска, Литванија и Египет, кои ќе играат меѓу себе. Двете првопласирани ќе обезбедат пласман еден ранг-погоре, во Првата евроафриканска зона. Во разигрувањето за пласман од седмото до деветтото место, пак, ќе играат Естонија, БиХ и Косово, а од зоната испаднаа Мароко и Малта. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page