top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ла Лига го потврди договорот со инвестицискиот фонд, Реал и Барселона најавија судски процес

Мнозинството професионални клубови во Шпанија денеска гласале за предлогот на Ла Лига да биде потпишан договор со инвестицискиот фонд „CVC“.

Иако Реал Мадрид, Барселона и Атлетик Билбао се противеа на договорот, па дури предложија и друг алтернативен начин со кои клубовите би добиле финансиски средства, денеска 37 клубови за и го потврдиле планот на шпанската професионална лига.

Клубовите ќе добијат дел од 1,9 милијарди евра од инвестицискиот фонд, а за возврат ќе отстапат 10 проценти од аудио-визуелните права наредните 50 години.

Триото членови на Ла Лига добиле поддршка само од Ибица, а еден клуб бил воздржан, а веќе најавија дека ќе започнат судски процес за начинот на кој лигата го наметнала овој договор на штета на клубовите.

Клубовите наскоро ќе ја добијат првата рата од договорот и ќе поделат 400 милиони евра, при што голем дел од нив се предвидени за модернизација на стадионите и други инвестиции.


1 view

Comments


bottom of page