top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кјаер: Ова е идеален клуб за мене, можам да ја завршам кариерата во Милан

Симон Кјаер од почетокот на минатата година е играч на Милан, комбинација која се покажа како полн погодок како за играчот така и за италијанскиот прволигаш.

Данецот си ја врати препознатливата форма и со тоа многу придонесе „росонерите“ да го кренат нивото на игра и бидат конкуренти за највисоките позиции во домашниот шампионат. За овие свои изданија Кјаер неодамна беше награден со нов договор (двегодишен), а тој самиот порачува дека токму тука во Милан и може да ја заврши кариерата.

-Тоа го ценам затоа што знам дека политиката на Милан е да ги обновува договорите на само една година на играчите постари од 30 години. Ова е најдобриот сигнал што клубот може да ми го даде. Не би ја менувал кариерата, или можеби да можев да играм за Милан 15 години. Можеби тука би можел да ја завршам кариерата

-Нема друго место каде што повеќе би сакал да бидам. Сè ми одговара совршено: соиграчите, тренерот и нашиот стил на игра. Тоа е совршен клуб за мене. Моите синови и мојата сопруга се среќни во Милано, -порача Симон кој има 32 години.

Досега Кјаер има одиграно 68 мечеви за Милан и дадено еден погодок.


1 view

Comentarios


bottom of page