Куќата од „Сам дома“ на џиновски медењак
11.12.2020 Декември Петок
„Дизни“ деновиве претстави сцени од култниот филм „Сам дома“ на медењаци, со што одбележи 30-годишнина од премиерата на првиот филм од овој серијал. Првите луѓе на компанијата на уметницата и дизајнерка на колачиња Мишел Вибово ѝ порачале да направи слатка верзија на куќата во која се случува дејството на филмот со висина од 1,7 метар. На Вибово ѝ биле потребни 300 часа да го реализира тоа. Во ова вкусно уметничко дело го има и комбито што го користат крадците Хари (Џо Пеши) и Марв (Даниел Стерн), автомобилот за достава на пица „литл неро“ и ликовите на Кевин (Меколи Калкин) и на крадците.
Ова дело ќе биде прикажано во „Оак центарот за деца и млади“ вo болницата „Ројал Мардесен“ во Сури за најмалите пациенти и за членовите на нивните семејства. – Ми беше многу забавно да го создадам ликот на симпатичниот Кевин и на дрските провалници Хари и Марв – вели Вибово. За овој филм емотивно е поврзан и Лук Бредли-Џонс, генералниот директор на „Дизни плус“, објави списанието „Варајати“. – Не можам да поверувам дека филмот „Сам дома“ овој месец одбележува 30 години од премиерата, но секогаш ќе ме насмее, како да гo гледам првпат – откри Бредли-Џонс.
Comments