„Куќата на змејот“ ќе има втора сезона
Сите љубители на „Игра на тронови“ ќе може да гледаат нова серија на Ејч-би-о, која почна да се емитува викендов на телевизија и на стриминг-услугата на оваа мрежа во обид да врати дело од магијата на хит-серијата. House of the Dragon („Куќата на змејот“), серија претходник на „Игра на тронови“, е обновена за втора сезона, откако првата епизода се покажа како хит, соопшти Ејч-би-о. Заснована на книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Мартин, приказната се одвива 200 години пред настаните во „Игра на тронови“, во време кога семејството Таргеријан владеело со Вестерос. Започнува со тоа што кралот Висерис Таргеријан размислува кој да биде негов наследник – брат му принцот Демон или ќерка му принцезата Ренира. Во саботата, првата епизода привлече речиси 10 милиони гледачи на телевизија и на стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, најголема публика за која било нова оригинална серија во историјата на мрежата.
Commentaires