top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кутињо е вишок во Барселона по доаѓањето на Торес, прави сензационален трансфер на Островот

Бразилскиот интернационалец и член на Барселона, Фелипе Кутињо би можел да направи сензационален трансфер на Островот.

Како што пишува „Мундо Депортиво“, Кутињо би можел да се врати во Ливерпул, но не да заигра за неговиот поранешен клуб, туку за Евертон.

„Карамелите“ ќе се обидат во јануари да го ангажираат Кутињо кој и онака нема голема минутажа во Барселона, а по пристигнувањето на Феран Торес на „Камп Ноу“ ќе биде вишок во составот на Чави Ернандез.

Кутињо има договор со Барселона до 2023 година и клубот би сакал да се ослободи од неговиот богат договор уште во јануарскиот преоден рок.

Досега во медиумите Кутињо на големо се поврзуваше со заминување од Барселона, а освен Евертон интерес за него има и од Тотенхем и Њукасл што значи дека голема е веројатноста тој да се пресели на Островот.


4 views

Comments


bottom of page