Куртоа удри по ФИФА и УЕФА: Ние не сме роботи, вас ви се важни само парите
Репрезентацијата на Белгија не успеа да дојде ниту до третото место на завршниот турнир од Лигата на нации каде „црвените ѓаволи“ освен од домаќинот Италија (2-1) загубија и од Франција (3-2).
Токму по дуелот во Торино голманот на Белгијците експлодираше, се отвори и директно ги прозва ФИФА и УЕФА. Самиот Куртоа пред вчерашната битка порача дека нема никаква поента да се игра тој натпревар за да сега ја продолжи приказната го истакне својот став дека мора да има промени кога е во прашање распоредот затоа што ова е неиздржливо за играчите.
-Ова е меч само за пари и мораме да бидеме искрени во врска со тоа. За УЕФА, тоа се екстра пари и тоа е дополнителен меч бидејќи се прикажува на ТВ. Секако дека секој сака да игра, но погледнете колку се сменија двата тима. Ако тимовите беа во финалето, ќе имаше други играчи кои играа. Ова само покажува дека играме премногу натпревари.
-Следната година имаме Светско првенство во ноември, ќе мора повторно да играме до доцна во јуни. Ќе се повредиме. Никој не се грижи за играчите. Во јуни по долга сезона ќе треба да одиграте четири натпревари во Лигата на нации, а ќе добиете две недели одмор. Тоа не е доволно за играчите да продолжат 12 месеци на највисоко ниво. Ако никогаш не кажеме ништо, секогаш е исто, -рече Куртоа и притоа продолжи:
-Тие се против Супер лигата, но едноставно го прават истото. Ставија дополнителни мечеви, направија дополнителен трофеј, конференциски куп [Конференциска лига на УЕФА] или како и да е името. … Секогаш е исто. Можат да бидат лути поради тоа што тимовите сакаат Супер лига, но не им е грижа за играчите, туку само за нивните џебови.
-Сега слушате дека сакаат да стават Европско првенство и Светско првенство секоја година. Кога ќе се одмориме? Никогаш. На крајот, врвните играчи ќе се повредуваат, повредуваат и повредуваат… Ние не сме роботи. Тоа се само повеќе и повеќе натпревари, а помалку одмор за нас, никој не се грижи за нас, -заврши голманот на Реал.
Comments