top of page

Куртоа издвоил омилен ривалски играч: Не е доволно ценет за тоа што го прави

Oct 1
1 min read

01.10.2026 Oktomvri Cetvrtok

Тибо Куртоа реши да не настапува за Белгија во актуелниот мини циклус од Лигата на нации, со што целосно се концентрира на клупските обврски и натпреварите кои го очекуваат Реал Мадрид по крајот на оваа пауза.

Искусниот голман реализирал и интервју за „Онда Серо“, а во него зборувал на различни теми, вклучувајќи ги и „Златната топка“, но и фудбалерите од ривалските клубови.

Куртоа требало да избере играч на друг клуб кого најмногу го почитува во моментов, а тој го избрал Рафиња од Барселона.

– Навистина ми се допаѓа Рафиња, тој е многу важен за неговиот тим.

– Мислам дека не е доволно ценет од фудбалската јавност за она што го прави, а ние ќе треба да го неутрализираме за еден месец,- рекол Куртоа, најавувајќи го и „Ел Класико“.

Белгиецот има свој став и за „Златната топка“.

– Наградата мора да заврши кај Мбапе, сите се воодушевени од неговата брзина и бројот на постигнати голови. „Златната топка“ мора да заврши кај најдобриот играч, а не кај тој што освоил најмногу трофеи. Ако ја следиме таа втората логика, тогаш Карвахал требаше да ја добие наградата пред две години, – рекол Куртоа, алудирајќи на бројот на трофеи кои шпанскиот дефанзивец ги освои во 2024 година.


 
 
 

Comments


bottom of page