top of page

Курникова со семејна фотографија му го честита роденденот на Иглесијас

Пејачот и латинозаводник Енрике Иглесијас во неделата го прослави својот 47. роденден. Добивај вести на вибер Неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курникова, на својот инстаграм-профил сподели семејна фотографија – Ана и Енрике со трите деца, близнаците Николас и Луси и помалата ќерка Мери. Имајќи предвид дека тие ретко објавуваат фотографии на кои целото семејство е заедно, оваа објава набргу заработи повеќе од 150.000 лајка. Ана покрај фотографијата напиша: „Среќен роденден на најдобриот тато! Те сакаме многу!“ Набргу потоа пејачот возврати со објава во која ѝ го честита Денот на мајката, кој се прославуваше во неделата. Тој на „Инстаграм“ објави видео во кое поранешната тенисерка танцува во нивниот двор со четиригодишната Луси. Во заднината се слуша песната I Love Rock ‘N’ Roll. Иглесијас напиша: „Среќен Ден на мајката на сите мајки во светот“.



 
 
 

Comments


bottom of page