Кунде откри зошто ја одбрал Барселона пред Челси: Зборував со Тухел…
Францускиот репрезентативец, Жил Кунде од ова лето има нов клуб со тоа што не ја промени државата и остана во Шпанија.
Тој од Севилја премина во редовите на Барселона со тоа што многу лесно можеше да се случи да заврши во Челси. Се некако изгледаше дека премиерлигашот ќе го добие потписот на Бразилецот, меѓутоа каталонците нешто слично како и претходно со Рафиња успеаа магично да го украдат играчот пред носот на премиерлигашот.
Дефанзивецот веќе почна редовно да игра за клубот од „Камп Ноу“, па се реши да посочи, објасни зошто решил да го избере шпанскиот великан пред составот од „Стемфорд Бриџ“.
-Прво доаѓам во огромен клуб кој знаеше добри времиња, а кој во последно време ги имаше помалку. Доаѓам во проект кој не би го нарекол реконструкција, бидејќи веќе имаме конкурентен тим, ова е пресврт на подобро. Бев заинтересиран да бидам дел од овој нов бран, во потрага по титули и да ја вратам Барса онаму каде што отсекогаш била, меѓу најдобрите клубови.
-Имаше разговор со тренерот, во главно зборувавме за фудбалот. Чувствував вистинска доверба од него, дека тој има вистинско знаење за мене, за мојата игра и за моите квалитети. Зборував со Тухел и исто така почувствував дека тој сака да дојдам, но едноставно го претпочитав говорот на Чави, -истакна Кунде за „Л’Екип“.
Comments