Куман доби нов шок по поразот од „Ел Класико“: Остана без клучен играч на подолг период
25.10.2021 Oktomvri Petok
Реал Мадрид ја продлабочи резултатската криза на Барселона која на почетокот на сезоната никако не може да сврзи неколку позитивни резултати во серија.
„Каталонците“ загубија пред совите гледачи со 2:1, а за работите да бидат уште полоши за Роналд Куман, клубот загуби уште еден фудбалер кој веројатно ќе отсуствува подолг период.
Станува збор за играчот од средниот ред Френки Де Јонг кој на „Ел Класико“ одигра 77 минути по што мораше да биде заменет.
Според првичините најави, се очекува Де Јонг да отсуствува најмалку месец и половина откако заработил повреда на тетивата.
Од Барселна ја потврдија повредата на играчот, но не објавија кога тој ќе се врати туку посочија дека процесот на рехабилитација ќе го одреди точниот датум на неговото враќање.
Куман веќе извесен период не може да смета на Мартин Брајтвајт и Усман Дембеле, а повреден е и младиот Педри. Неодамна во клубот по потешките повреди се вратија Серхио Агуеро и Ансу Фати кои кога ќе фатат ритам се очекува да бидат од голема помош за холандскиот стратег.
Comments