КУЛТУРАMакедонската премиера на филмот “Јужен ветер 2: забрзување“ проследена со голем интерес
- Aleksandar Santovski
- Nov 18, 2021
- 1 min read
18.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Српскиот трилер “Јужен ветер 2: забрзување“ во режија на Милош Аврамовиќ и со Милош Биковиќ во главна улога, кој кратко по своето прво прикажување стана регионален филмски хит, вчеравечер ја имаше и својата македонска премиера. Интересот за овој филм на премиерата во Синеплекс беше огромен, а билетите за проекцијата однапред распродадени.
На премиерата присуствуваше и дел од екипата, па иако миленикот на женскиот дел од публиката Милош Биковиќ поради филмските обврски во Русија не беше во можност да присуствува, во Скопје покрај режисерот пристигна Миодраг Радоњиќ кој исто така има главен лик во филмот (Баќа). Всушност, овој втор дел од франшизата на големото платно ги врати омилените ликови на Мараш и Баќа, пред кои се новите предизвикувачки и драматични одлуки, непредвидливи заплети, грст акција и многу адреналин. Според филмската критика ова остварување напредуваше во продукцијата, сценариото и актерска игра па заслужено ја доби титулата акционен филмски спектакл кој и буквално ги надмина сите досегашни блокбастери.
Во овој филм Петар Мараш (Милош Биковиќ) ја користи предноста на стекнатиот статус на неприкосновен водич на српското подземје. Сакајќи да го прошири своето работење и да се врати во рамките на законот, Мараш вложува нелегално стекнати пари во легални бизниси и за да зграби поволна прилика, Мараш патува со Бача во источна Србија. Таму го затекнува вест која ќе го примора да ги промени плановите во истиот момент…
Покрај Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, во филмот играат и Јована Стојиљковиќ, како и српските актерски легенди Предраг Мики Манојловиќ и Александар Берчек. Дел од актерската екипа се и Лука Грбиќ, Горан Навојец и меѓународните ѕвезди Анастасија Еверал, Маријан Валев и Захари Бахаров.






Comments