Search
Култниот филм „Тетовирање“ в четврток во Кинотеката
- Aleksandar Santovski
- Oct 10, 2023
- 1 min read
Со култниот филм „Тетовирање“, во режија на Столе Попов, свечено ќе биде отворен фестивалот „’Вардар филм’ прикажува – македонски филмски класици“. Фестивалот почнува в четврток, 12 октомври, со проекција на филмот во 20 часот во Кинотеката. Се работи за филм снимен на 35 мм лента во 1991 година, кој е во продукција на „Вардар филм“. Програмата ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери: „Среќна Нова ’47“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делфина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски. Сите пет филма ќе се прикажуваат и во неколку центри за култура во целата држава до крајот на годината.

Comentarios