top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кулибали: Тери ми спушти кога првпат му се јавив за неговиот дрес

Видеото во кое се гледа како Калиду Кулибали бара дозвола од Џон Тери да ја носи неговата „26-ка“ во Челси стана вирален хит пред три дена, но оваа историја имала и друга позадина која сега реши да ја открие новиот стопер на „сините“.

Големото засилување од Наполи обелоденува дека неколку дена работел за да дојде до најнормален разговор меѓу него и Тери, бидејќи легендарниот капитен му ја спуштил слушалката за време на првиот повик.

Сенегалецот покажа доблест и класа со дозволата која ја побара од Тери, но снименото видео е всушност втор обид на Калиду да добие зелено светло од неповторливиот капитен на Челси.

– Кога дојдов, никој не ми ја понуди 26-та, не ми ја кажаа како слободна. Прашав за неа и направив истражување. Видов дека никој не ја носи од Џон Тери. Му поставив прашање на Џанфранко Ѕола на оваа тема и му побарав број од Тери.

– Му се јавив, но првиот пат Тери не веруваше дека навистина сум јас на телефонот и ми спушти. Мислеше дека некој се шегува со него. Ми спушти и потоа се јави на тим менаџерот на Челси за да се распраша. Знам дека тоа е специјален број за него, но и за мене и среќен сум што ми дозволи да го носам во Челси, – објаснува Кулибали.


1 view

댓글


bottom of page