Кулата на Водно до Милениумскиот Крст ,што е од АЕК за Телекомуникациски врски и антенски сигнали ,за Скопје во Македониоја и пошироко,светн а ќе блесне целосно со отварање во октомври
- Aleksandar Santovski
- Aug 26
- 4 min read
25.08.2025 Avgust Ponedelnik
МиолениумПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА НАЈВИСОКИОТ ОБЈЕКТ НА ВОДНООфицијалното пуштање на кулата што ја градеше АЕК со средства од сопствениот буџет е планирано да се случи некаде во текот на октомври, бидејќи дотогаш треба да се завршат уште неколку процедури.
– Очекувам до 15 септември да завршат сите работи околу партерното уредување околу објектот, приклучокот за електрична енергија, како и да се постави цистерната за нафта за потребите на двата агрегата со огромна моќност кои ќе можат да работат и до една недела доколку дојде до прекин на струја. Исто така, сите измени во градбата што се правени треба да ги документираме и да ги доставиме до Министерството за транспорт и врски на одобрување, бидејќи оттаму треба да ја добиеме употребната дозвола за објектот, а потоа од Катастарот да добиеме имотен лист. Сето ова го пролонгира официјалното пуштање на кулата кое првично го планиравме да биде за 8 септември, Денот на независноста на Македонија – вели Илија Кепевски, советник за логистика на директорот на Агенцијата за електронски комуникации за весникот ВЕЧЕР.
Телекомуникациската кула на АЕК, која воедно е нависоката точка на планината Водно, деновиве светна, а денеска или најдоцна утре ќе бидат поставени илуминациските светилки за ноќно осветлување на овој објект висок 155 метри. Илија Кепевски, советник за логистика на директорот на Агенцијата за електронски комуникации вели дека остануваат уште две до три недели да се комплетира проектот кој почна да се гради во 2013 година.
Официјалното пуштање на кулата што ја градеше АЕК со средства од сопствениот буџет е планирано да се случи некаде во текот на октомври, бидејќи дотогаш треба да се завршат уште неколку процедури.
– Очекувам до 15 септември да завршат сите работи околу партерното уредување околу објектот, приклучокот за електрична енергија, како и да се постави цистерната за нафта за потребите на двата агрегати со огромна моќност кои ќе можат да работат и до една недела доколку дојде до прекин на струја. Исто така, сите измени во градбата што се правени треба да ги документираме и да ги доставиме до Министерството за транспорт и врски на одобрување, бидејќи оттаму треба да ја добиеме употребната дозвола за објектот, а потоа од Катастарот да добиеме имотен лист. Сето ова го пролонгира официјалното пуштање на кулата кое првично го планиравме да биде за 8 септември, денот на независноста на Македонија – вели Кепевски за весникот ВЕЧЕР.
Кулата има платформи резервирани за опрема за контрола на радиофреквенции и канцеларии на полицијата и војската, а онаа најгорната, на врвот, ќе биде туристичка атракција, односно е предвидена за ротирачки-панорамски ресторан со капацитет за околу 15 маси кој ќе ротира 360 степени во рок од еден час, со што посетителите би имале панорамски поглед на цело Скопје. Простор за кафетерија е предвиден и во приземјето од кулата.
– Идејата е сите што имаат телекомуникациски и радиоантени на Водно да се тргнат од сегашните локации и да бидат инсталирани во кулата на која во втора фаза ќе се постави челично-решеткаст столб што треба да е во владение на македонската радиодифузија. Што се однесува до панорамскиот ресторан, сè уште не е утврдено кој ќе менаџира со него, одлука треба да донесе Владата – дали ќе го преземе Службата за општи и заеднички работи или ќе го остави на АЕК – вели Кепевски.
Граѓаните кои редовно се рекреираат на Водно преку социјалните мрежи жестоко реагираа на најавите за официјалното профункционирање на кулата чија изградба чини околу 1,2 милијарди денари (околу 20 милиони евра) и е околу 13% поскапа од сумата предвидена во основниот проект. Тие се против отворање на пат за сообраќај до врвот на Водно.
– Сигурно до ресторанот нема да одат со жичарница, туку ќе го отворат патот за коли, па свадби, па пијани морони, паркирање во тревата и толку од уживањето – пишува инфлуенсерката Ина Многуфина на „Фејсбук“.
Од АЕК велат дека засега до кулата ќе се стигнува како и до сега, со жичница или пеш. Досега, градот Скопје допуштал возила со претходна најава, но единствено за потребите на службите на градските претпријатија кои менаџираат со жичницата, возила на АРМ и на АЕК.
Дел од јавноста оценува дека е потребно внимателно да се размисли за идната намена на кулата, за да не се уништи природниот амбиент на Водно. Оваа кула е изградена на надморска висина од 1.034 метри и ретко во светот се наоѓаат кули на таква надморска висина.
(С.Бл.) – Фото: АЕК
Текст Преземен и слики видео од
Следува втор тект од сител телевизија преземено со видео од сител
Светна 155 метарската кула на АЕК на Водно. Од вчеравечер на Водно покрај крстот, јасно се гледа и импозантното издание на телекомуникациската кула која ја градеше агенцијата. Градежните работи по 12 години се речиси целосно завршени вели директорот на АЕК. Оваа кула освен што ќе служи за контрола на радиофреквенции ќе биде и туристичка атракција. Акику за Сител вели дека на врвот на кулата предвиден е простор за ротирачки- панорамски ресторан со капацитет за околу 15маси. Останатите три платформи се резервирани за опрема и канцеларии на полицијата и војската.
Простор за кафетерија има и во приземјето од кулата но дали и на кој начин ќе се менаџираат се уште не е утврдено.
Граѓаните кои редовно се рекреираат на Водно преку социјалните мрежи жестоко реагираа на најавите бидејќи се против да се отвори пат за сообраќај до врвот на планината. Директорот смирува дека такво нешто засега не е предвидено бидејќи работите не се целосно завршени и допрва ќе се одлучува кој ќе го стопанисува просторот. Според Акику до кулата ќе се стигнува како и до сега, со жичница или пеш.
Асфалтната површина која води од средно до врв на Водно ниту е пат ниту пак има услови за сообраќај велат од Град Скопје.
Се работи за пешачка патека која е регулирана со рампа токму поради заштита на парк шумата Водно. До сега не е пристигнато никакво барање до град Скопје од каде што објаснуваат дека надлежноста за измени во сообраќајните решенија е надлежност на СВР Скопје.
До сега, градот допуштал возила со претходна најава но единствено за потребите на службите на градските претпијатија кои менаџираат со жичницата, возила на АРМ и АЕК.
Кулата на АЕК се гради од 2013година.Вредноста на договорот за градежни работи е околу 18 милиони евра.






Comments