top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кукоч конечно влезе во „Куќата на славните“

КОШАРКА

Благодарност, гордост и емоции ја обележаа церемонијата што траеше повеќе од три и пол часа за влез во кошаркарската „Куќа на славните“ за 2021 година, а која се одржа во саботата. Во „Куќата на славните“ во Спрингфилд (САД), конечно влезе и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч, кој беше претставен од неговиот соиграч во Чикаго и најдобриот кошаркар на сите времиња, легендарниот Мајкл Џордан. – Би сакал да им се заблагодарам Мајкл Џордан и на Скоти Пипен што ме „претепаа“ на Летните олимписки игри во 1992 година и ме натераа да работам уште повеќе за да бидам значаен член на Чикаго булс. Заедно со татко ми, почнав да играм пинг-понг, тенис и фудбал кога имав осум години, но на 15 години ја одбрав кошарката. Мојата кариера е дефинирана од два тима, два града. Сплит е мојот роден град, тимот е Југопластика и, секако, тука е Чикаго, Илиноис и клубот Чикаго.

Играв за две држави, Југославија и Хрватска, и имав голем успех со двете селекции, благодарение на моите тренери во репрезентацијата на Југославија, Русмир Халиловиќ, Светислав Пешиќ, Душан Ивковиќ и на Хрватска, Петар Сканси, Александар Петровиќ, Пино Ѓерѓа. Благодарност до навивачите за нивната постојана поддршка, беа тоа незаборавни три години со титули и со работа со најдобрите тренери во историјата на кошарката – рече, меѓу другото, Кукоч, кој често беше прекинуван со аплаузи. Кукоч, кој со Чикаго булс освои три титули во низа (во 1996, 1997 и во 1998 година), е петтиот Хрват во друштво на најдобрите, по Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раџа. Покрај Кукоч, во генерацијата 2021, во кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд уште влегоа и Крис Бош, двократен шампион во НБА и 11-кратен олстар-играч, Крис Вебер, петкратен олстар-играч и дебитант на годината, Бен Волас, четирикратен одбранбен кошаркар и шампион во НБА-лигата, Пол Пирс, 10-кратниот олстар-играч во НБА кај кошаркарите, а кај тренерите Бил Расел, Џеј Рајт…


1 view

Комментарии


bottom of page