Search
Кузмановски се пресели во редовите на Вецлар
Филип Кузмановски реши да направи уште една промена во својата кариера, заменувајќи го Хановер со германскиот ривал Вецлар. Македонскиот репрезентативец ќе биде засилување за Вецлар кој се наоѓа во опасната зона во германската Бундеслига, а денеска официјално беше претставен од новиот клуб. Кузмановски ставил потпис на договор до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена. За него ова е трет германски клуб, а сега ќе соработува и со Филип Миркуловски кој е дел од стручниот штаб. Македонскиот бек ги минал лекарските прегледи и Вецлар најави дека неговото деби ќе се случи уште на дуелот со Фухсе Берлин.
Comments