top of page

Кузмановски одигра без грешка, Хановер по еден месец се израдува на победа

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

Составот на Хановер од кој е дел македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски ја прекина лошата резултатска серија и славеше над Ерланген со 35-31 во Бундеслигата. Ова за Хановер беше прво лигашко славје по пауза од еден месец, поточно од 19 септември кога го совлада Бергишер на домашен терен со 28-20. Ерланген го доби првиот дел со 16-14, но во вториот дел гостите заиграа многу подобро, поефикасно и со 21-15 направија целосен пресврт и ги освоија двата бода. Нашиот Кузмановски беше еден од најзабележителните играчи кај победникот со пет гола од исто толку обиди. Хановер во наредното коло го пречекува Минден.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page