Search
Кузмановски и Миркуловски изненадени на домашен терен: Бергишер му зема мерка на Вецлар
- Aleksandar Santovski
- Oct 14, 2023
- 1 min read
Вецлар забележа добри резултати во изминативе десеттина дена, победи над Кил и Хановер со кои на најдобар можен начин го дочека соочувањето со Бергишер и тоа на домашен терен, натпревар на кој навивачите очекуваа нов триумф, ама се случи сосема спротивното.
Имено по израмнетото прво полувреме, гостите беа подобри во вториот дел и со 16-12 дојдоа до голема победа од конечни 32-28.
Бергишер е исто тим од долниот дел од табелата и ова дефинитивно е удар за тимот на нашите Филип Кузмановски и Филип Миркуловски кој сега е на последното место во Бундеслигата.
Кузмановски беше автор на еден гол од еден обид.
Наредната рунда носи соочување со Балинген на негов терен и тоа на 20 октомври.

Comentarios