top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кузма се претстави во шокантно светло, Леброн запрепастен од изгледот на својот пријател

Updated: Nov 26, 2021

23.11.2021 Noemvri Sreda

Вашингтон загуби на домашен терен од Шарлот со 103:109, но резултатот од оваа кошаркарска средба во НБА лигата не се најде во прв план, а главна причина за тоа е ѕвезда на „волшебниците“.

Кајл Кузма го заврши мечот со 11 поени и 13 скокови, но сите зборуваат за неговиот стајлинг со кој го надмина и најлошиот избор на Расел Вестбрук кој е познат по екстравагантниот изглед.

Кошаркарот на Вашингтон пристигна во арената во Вашингтон со долг розев џемпер и го сврте вниманието на себе, а со ова модно издание и шокантно светло, го сврте вниманието на себе и стана топ тема на социјалните мрежи.

НБА колегите не можат да поверуваат во какво светло го видоа Кузма, па со коментар се јави и неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс.

– Нема е..ни шанси дека си го облекол тоа…. Нема да добиеш лајк од мене, бидејќи ова е срамно , – му порача Леброн, додека на Твитер одредени новинари и фанови бараат суспензија од 15 натпревари за толку лош стајлинг.


0 views

Comments


bottom of page