КУД „Бисер“ Кичево на меѓународен фестивал во Турција
Културно-уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево деновиве учествуваше на традиционалниот фестивал на ора и песни „Јалова-2023“ во Турција. Покрај играорците на Бисер, на фестивалот зедоа учество и друштва од БиХ, Индонезија, Мексико, Грузија, Индија и земјата домаќин Турција. Посетеноста на фестивалот беше исклучително голема, а дефилето на учесниците на фестивалот беше проследено со присуство на повеќе илјади жители од градот домаќин.
-За прв пат „Бисер“ Кичево настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал „Јалова-2023“ во Турција. На фестивалот зедоа учество фолклорни ансамбли и групи од три континенти. Најпрво беше организирано дефиле и преставување на друштвата, а потоа следуваше натпревар и оценување на игри и носии. Покрај овие содржини вториот ден на беше презентирана и традиционалната храна и пијалаци. Во трите дена уживавме во прекрасните изведби и заносниот колорит на носиите на учесниците од Турција, Македонија, Мексико, Грузија, БиХ, Индонезија и Индија, кои оставиле длабоки траги во светската културна ризница. И покрај беспрекорните изведби на останатите учесници на фестивалот, сепак „ Бисер“ завршната вечер ги собра аплаузите и со овации беше поздравен за орскиот сплет „Посеље“ – рече претседателот на друштвото Младен Ванчоски.
Comments