top of page

Кугларите не се пласираа во вториот круг


Во вториот натпревар од групата Ц, Македонија загуби од Србија, а на мечот од таа група на СП е поставен нов екипен и поединечен светски рекорд Машката кугларска репрезентација на Македонија го загуби и вториот меч од групата Ц на Светското првенство (СП) во Полска и со тоа го заврши настапот на СП. По поразот од Словачка, црвено-жолтите загубија и од актуелниот светски првак Србија со 3.674-3.922 соборени кегли (1-7 во сетови). Единствениот сет-поен го освои Ибрахим Мемеди на првата патека. – На ова СП бевме многу ослабени, па одигравме во рамките на очекуваното. Србија е, сепак, пресилна за сите, а нашата шанса беше само Словачка, но, ете, не ја искористивме – ни изјави репрезентативецот Дарко Димитровски. На СП има четири групи, а првите две од секоја група одат во вториот круг. Од групата Ц се пласираа Србија, која ја победи Словачка со 4.140 – 3.740 во соборени кегли (8-0), што е нов светски рекорд за 128 кегли повеќе од стариот, и Словачка, како втора. Истовремено, нов светски рекорд постави Србинот Чонгор Барањ (738). Македонија го оствари најдобриот пласман на СП во Унгарија во 2013 година кога стана вицешампион.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page